Тоше ги освои Хвар, Хрватска и – Хрватици!



10. ју­ни 2007. - Утро по три­ум­фал­на­та по­бе­да на То­ше Про­е­ски на Хр­ват­ски ра­диј­ски фе­сти­вал, кој се одр­жа на Хвар, спо­ред оче­ку­ва­ња­та, по­ми­ну­ва со сил­на ме­ди­ум­ска ана­ли­за на нај­пре­стиж­на­та хр­ват­ска му­зич­ка ма­ни­фе­ста­ци­ја. Спо­ред уг­лед­ни­от Ве­чер­њи лист, ма­ке­дон­ски­от пе­јач со пес­на­та Ве­жи ме за се­бе, со­се­ма зас­лу­же­но освои Гран При во ка­те­го­ри­ја на поп-рок и ур­ба­на му­зи­ка, осво­ју­вај­ќи вкуп­но 16.589 гла­со­ви, што прет­ста­ву­ва око­лу 4.000 гла­со­ви по­ве­ќе од вто­роп­ла­си­ра­ни­от Шор­ти.
Де­фи­ни­тив­но не се на­де­вав на на­гра­да­та, иа­ко на­гра­ди­те се­ко­гаш ми се важ­ни. Но, се­пак, нај­важ­на ми е ре­ак­ци­ја­та од пуб­ли­ка­та – из­ја­ви То­ше по три­ум­фал­на­та по­бе­да. За жал, тој не мо­же­ше да оста­не до крај на сво­јот по­бед­нич­ки пар­ти, би­деј­ќи на пло­шта­дот на Хвар го оче­ку­ва­ше за­ка­жа­ни­от со­ли­стич­ки кон­церт.
А, не­му, ка­ко што са­ми­от ка­жа, нај­важ­на му бе­ше пуб­ли­ка­та, ко­ја со не­тр­пе­ние го оче­ку­ва­ше!